Путин: Може да се пие алкохол на Мундијалот 2018 година

 

За време на Светското фудбалско првенство во 2018 кое ќе се одржи во Русија, ќе може да се пие алкохол. Ова е одлука на претседателот на Русија Владимир Путин, кој покрај ваквата дозвола ја овласти ФИФА да одобри рекламирање на стадионот на кои ќе се одиграат натпреварите од Мундијалот. ФИФА мора да даде писмена согласност за секаков вид на рекламирање во радиус од два километри на стадионите за време на натпреварите. За оние кои нема да ги почитуваат законите следуваат строги санкции. Путин покрај двете одлуки ги укина и визите за сите спортисти кои што во наредните неколку години ќе учествуваат на неколкуте спортски настани во Русија.

 

 

најчитано сега