Протестите во Турција ја земаа и петтата жртва

 

Турскиот министер за внатрешни работи Муамер Ѓулер денеска изјави дека е неопходно демонстрантите да се повлечат од паркот Гези во Истанбул. 

- Таксим, паркот Гези - тоа се места отворени за посета. Во моментот, луѓето кои се наоѓаат таму им пречат на посетителите слободно да се движат. Во паркот има демонстранти и провокатори. Сите видовме што направија маргинални групи. Таа акција не може да продолжи на тој начин. Треба да се спречи додека не е нанесена поголема штета - изјави Ѓулер. Тој додаде дека властите и полцијата се подготвени да преземат мерки за извлекување на демонстрантите од паркот Гези. Ѓулер вети дека во таков случај нема да се преземат мерки со употреба на сила.

Турски адвокат изјави дека демонстрант кој бил повреден во судирите со полицијата, починал во болница со што бројот на жртвите од двонеделните антивладини протести во Турција е 5 луѓе. Се работи за 26-годишно момче кое протестира против режимот на Ердоган.

најчитано сега