Ноќеска голема акција на полицијата во Тетово и Гостивар

Во акциската контрола што беше спроведена синоќа во 16 објекти низ Полошко (9 во Тетово и 7 во Гостивар) во девет се откриени повеќе неправилности во работењето. 

Кај четири од гостиварските угостители, инспекторите на УЈП и Пазарната инспекција констатирале недостатоци и неправилности во финансиското работење и почитувањето на законите. Ним им се изречени глоби во висина од 750 до 3.500 евра, а на еден објект му е изречена забрана за работа. При контролите утврдено е дека два објекти не работеле.

Во Тетово, во пет објекти е констатирано прекршување на законите, по што на правните лица им се изречени глоби во висина од 750 до 5.000 евра. Во еден од локалите биле затекнати и две странски државјанки кои го злоупотребиле престојот во Република Македонија и работеле не пријавено. На шестмина тетовци ќе им се изречени поединечени глоби за пушење во угостителски објект.

Во претходната акциска контрола во десет угостителски објекти низ Полошко, биле откриени повеќе неправилности во работењето.

 

 

Оцени ја веста

11.01.2015 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега