Загина 21 годишно момче - нова трагедија ја потресе Македонија

Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера околу 19 часот на регионалниот пат Куманово - Липково.

Се работи за 21-годишниот Љуман М. од село Слупчане, управувајќи со патничко моторно возило „форд пума“ со кумановски регистарски таблички, кој во близина на селските гробишта кај село Оризаре изгубил контрола врз возилото и поминал на левата страна од коловозната лента по што удрил во објект, лоциран покрај патот.

Од здобиените повреди 21-годишниот жител на Слупчане починал на лице место, а лекар од кумановската итна помош само ја констатирал смртта кај момчето. 

 

 

Оцени ја веста

11.01.2015 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега