Ќерките на Карлеуша доживеале сообраќајка - пејачката во паника пред големиот концерт
Ќерките на Јелена Карлеуша преживеале сообраќајна несреќа додека тетката на Јелена ги носела во градинка.
Таа имала предност на улицата но наишол друг автомобил и ја удрил во предниот лев дел од автомобилот.
За среќа никој во автомобилот не е повреден, направена е само материјална штета.
Јелена Карлеуша ја потврдила веста за несреќата.
- Бев на тонска проба, кога слушнав за несреќата многу се вознемирив. Трчав без здив до автомобилот, но мајка ми ми се јави и ме убеди дека моите деца се во најдобар ред. - изјави Јелена за српскиот Курир.