30 килограми наркотици запленети кај Дубровник

Хрватската погранична полиција во близина на Дубровник заплени над два килограми хероин и околу 27 килограми марихуана, јави Танјуг.

Дрогата била откриена на преминот Затон Доли на границата меѓу Хрватска и Босна и Херцеговина, во автомобил со италијански регистерски таблички, управуван од албански државјанин.

Полицајците ги откриле наркотиците поделени во 29 пакети, сокриени во резервоарот за течен гас на автомобилот.

Вкупната вредност на запленетата дрога на црниот пазар изнесува над 100.000 евра, додека при продажба на мало од неа може да се заработат над 260.000 евра.

 

 

Оцени ја веста

10.01.2015 - 13:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега