Атланта победи и на гостувањето во Детроит

Лидерот во Источната конференција тимот на Атланта оствари победа ноќеска на гостувањето во Детроит со 106:103 и со тоа ја продолжи серијата победи и на 23 натпревари има 21 победа. Ова за домаќинот Детроит беше прв пораз по седумте победи во серија. Во финишот на првиот Атланта имаше највисоки 23 поени предност (61:38), иако на крајот победи со само три разлика.
Најдобар на теренот беше Ал Хорфорд (Атланта) со 19 поени и 16 скокови, а вкупно шест играчи имаа двоцифрен број поени.

На другите дуели беа постигнати следниве резултати: Индијана – Бостон 107:103 (продолжение), Бруклин – Филаделфија 88:90, Њу Орлеанс – Мемфис 106:95, Оклахома Сити – Јута 99:94, Вашингтон – Чикаго 102:86, Милвоки – Минесота 98:84, Сан Антонио – Феникс 100:95, Сакраменто – Денвер 108:118, Голден Стејт – Кливленд 112:94, ЛА Лејкерс – Орландо 101:84.

Вечерва се играат натпреварите: Њујорк – Шарлот, ЛА Клиперс – Далас, Детроит – Бруклин, Филаделфија – Индијана, Торонто – Бостон, Чикаго – Милвоки, Хјустон – Јута, Минесота – Сан Антонио и Портланд – Орландо.

Пласман Источна конференција: Атланта 28-8 (победи-порази), Вашингтон 25-11, Торонто 24-11, Чикаго 25-12, Милвоки 20-18, Кливленд 19-18,...
 
Пласман Западна конференција: Голден Стејт 29-5, Портланд 28-8, Далас 26-11, Хјустон 25-11, Мемфис 25-11, ЛА Клиперс 24-12, Сан Антонио 22-15, Феникс 22-17,...
 

 

Оцени ја веста

10.01.2015 - 11:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега