Аце Миленковски: Нема приватно и државно, има само квалитетно и неквалитетно образование

Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје во потполност ги поддржува предложените реформи вио високото образование. Тој е дел од јавната расправа во која има дадено и одредени конструктивни забелешки, за кои Ректорот Аце Миленковски се надева дека ќе бидат земени в предвид. Неодамнешната дебата во Собранието, според Миленковски била добра дебата, на која можеле да се чујат навистина конструктивни предлози. За одлуката на професорскиот племнум да не учествува на нејзе, вели дека е грешка, но не навлегува во причините за тоа.

-Од моја гледна точка можам да кажам дека предложените измени ги гледам исклучиво од агол на напредок на високото образование, а предложените измени не задираат во автономијата на Универзитетите.Не присуството на дел од професорите на дебатата го сметам за пропуст, бидејќи доколку присуствуваа можеби ќе имаше и други предлози кои дополнително ќе го надградеа предлог законот за високо образование. Но тоа е сепак нивна одлука, вели Аце Миленковски Ректор на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје во интервјуто за Прес24.

Миленковски смета дека воведувањето на државен испит е само еден сегмент од пакетот измени во законот за виско образование и како таков тој не проблемаатичен. Вели дека како еден вид внатрешна евалуација УТМС веќе практиквува таков начин на проверка на знаењето.

-Тој е потребен како што впрочем е потребен и се изведува во многу држави од Европа и светот. Универзитетот за туризам и менаџмент, како што веќе наведов преку методологијата на работа, односно преку системот кој го практикува, прави проверка на знаењето на студентот. Тоа се прави преку завршниот испит , кој е компјутерски  (еднакво како и колоквиумите) , а го спроведува комисија со одлука на Сенатот на Универзитетот, составена од  професори кои не го предваат предметот, за кој се однесува испитниот тест.  Врз основа на резултатите добиени од компјутерскиот систем, се прави и еваулација на добиените резултати. Тоа говори за фактот дека ние на Универзитетот за туризам и менаџмент, оддамна правиме проверка на знаењето на студентите, вели за Прес24, Миленковски

Обидот пак да се пестават приватните универзитети како место каде се купува диплома е само со цел нивна дерадација

-Синдромот на “купување дипломи“ е присутен долго време. Тој постои оддамна, но стана актуелен со отворањето на приватните Универзитети, се со цел да се девалвираат истите. Ваквите “приказни “ мислам дека ќе продолжат и понатаму, бидејќи целта на тие кои ги пуштаат во оптег, се да се оцрни приватното образование, наспроти државното. Особено важно би сакал да потенцирам дека не постои приватно и државно образование, туку едноставно образование, кое може да се подели исклучиво на квалитетно и неквалитетно. Токму затоа сметам дека предложените измени се во насока на подобрување на квалитетот на високото образование во Република Македонија, вели во инервјуто за Прес24, Аце Миленковски Ректор на УТМС

 

ПРЕС24: Во процедура на законски измени се серија предлзи за реформи во високото образование. Владиниот предлог предизвика голема јавна дебата. Вие сте ректор на Универзитетот за туризам и менаџмент, како Вие гледате на целокупниот пакт на реформи во високото образование?

МИЛЕНКОВСКИ: Законските измени што ги предлага Министерството за образование, односно Владата на Република Македонија, сметам дека се неопходни, затоа што во образованието, особено во високото образование долго време не беа направени реформи, кои ќе го подобрат образовниот систем во Република Македонија.  Овие реформи се потребни, бидејќи Република Македонија мора да ги следи светските процеси во високото образование, што впрочем  ние на Универзитетот за туризам и менаџмент тоа и го правиме. Постојано изнаоѓаме начини да бидеме компактибилни со светските трендови во високото образование, за што говори и системот по кој веќе пет години се работи на Универзитет за туризам и менаџмент од Скопје. Систем кој практично ги содржи речиси сите предложени измени во нацрт-предлогот на Министерството за образование, почнувајќи од  електонски индекс, преку компјутерско полагање на испити, електронска библиотека, па се до внатрешна еваулација на колковиумите, семестрите и годината. И што е најважно дипломата добиена на Универзитетот за туризам и менаџмент е признаена во целиот свет, што говори за конкурентноста на пазарот на производот, односно студентот.

ПРЕС24: Кои се Вашите предлози и дали доставивте забелешки на предложените измени?

МИЛЕНКОВСКИ: Универзитетот за туризам и менаџмент активно учествуваше  во дебата во Собранието на Република Македонија, на која сите Универзитети требаа да дадат одредени забелешки за нацрт-предлогот за реформи во високото образование. УТМС, како што наведов во потполност ги поддржува реформите, но сепак, на дебатата даде одредени забелешки, кои се надевам ќе бидат земени в предвид. Најнапред би сакал да објаснам дека во рамките на  Универзитетот за туризам и менаџмент функционираат пет факултети, односно Факултет за туризам, Факултет за човечки ресурси, Факултет за менаџмент, Факултет за маркетинг и односи со јавноста и Економски факултет. Што значи дека за сите овие факултети треба заедно со останатите Универзитети да ги определиме основните предемети. Сметам дека тоа треба да биде една зедничка дебата на сите Декани на факултетите по области и студиски програми, кои треба да ги договорат, како што реков најнапред основните предмети, па потоа задолжителните и на крајот и изборните.

ПРЕС24: Минатата недела се одржа и една од јавните расправи организирана од преглагачот на измените со интеруниверзитеткста конференција. Како помина таа дебата? Дали од неа произлегоа конструктивни предлози?

МИЛЕНКОВСКИ: Како што реков, Универзитетот за туризам и менаџмент активно се вклучи во дебатата за реформите во високото образование. Сметам дека тоа беше добра дебата, на која можеа да се чујат навистина конструктивни предлози, кои Владата на Република Македонија, односно Министерството за образование и наука ги зема в предвид.

ПРЕС24: Паралелно со измените дејствува и Професорски и студенстки пленум кој се противи на измените на законот за високо образование. Нивниот став е дека на тој начин се нарушува автономијата на универзитетот. Дали има елементи за такво нешто?

МИЛЕНКОВСКИ: Јас сум Ректор на приватен Универзитет, и не можам да говорам во името на моите колеги од државните Универзитети. Од моја гледна точка можам да кажам дека предложените измени ги гледам исклучиво од агол на напредок на високото образование, а предложените измени не задираат во автономијата на Универзитетите.

 ПРЕС24: Професорскиот пленум засега одбива да разговара за предложените измени. Минатат недела кога се организираше дебатат со интеруниверзитетската конференција се случи еден настан порди кој беше преместено и местото за дебата, но подоцна професорите противници на измените не се појавија. Како го коментирате нивниот став?

МИЛЕНКОВСКИ: Како што потенцирав дебата во Собранието на Република Македонија беше конструктивна, која веќе дава плод. Не присуството на дел од професорите на дебатата го сметам за пропуст, бидејќи доколку присуствуваа можеби ќе имаше и други предлози кои дополнително ќе го надградеа предлог законот за високо образование. Но тоа е сепак нивна одлука.

ПРЕС24: Државниот испит е практично камен на сопнување, но тој е само еден дел од  целокупниите законски измени. Кој е ставот на Вашиот Универзитет за овој начин на проверка на занењето на студентите?

МИЛЕНКОВСКИ: Воведувањето на државен испит е само еден сегмент од пакетот измени во законот за виско образование. Тој е потребен како што впрочем е потребен и се изведува во многу држави од Европа и светот. Универзитетот за туризам и менаџмент, како што веќе наведов преку методологијата на работа, односно преку системот кој го практикува, прави проверка на знаењето на студентот. Тоа се прави преку завршниот испит , кој е компјутерски  (еднакво како и колоквиумите) , а го спроведува комисија со одлука на Сенатот на Универзитетот, составена од  професори кои не го предваат предметот, за кој се однесува испитниот тест.  Врз основа на резултатите добиени од компјутерскиот систем, се прави и еваулација на добиените резултати. Тоа говори за фактот дека ние на Универзитетот за туризам и менаџмент, оддамна правиме проверка на знаењето на студентите.

ПРЕС24: Вие сте долги години во образовниот систем во Македонија. Многумина, меѓу кои и Владата смета дека македонскиот високо образован систем има многу слабости. Можете ли од Ваша страна да детектирате кои се најслабите алки во овој процес и како тие можат да се подобрат?

МИЛЕНКОВСКИ: Слабостите на образовниот систем во Република Македонија, Владата веќе ги детектираше. Предложените пакет измени, се појдовна точка во целосната реформа на образованиот систем, која треба да се однесува и на основното и средното образование.

ПРЕС24: Во јавноста изминативе години најмногу се зборува дека приватните универзитети се оние во кои најлесно се добива диплома. Но, реалноста е дека “купување дипломи” има и во државните универзитети. Кое е вашето мислење за тоа?

 

МИЛЕНКОВСКИ: Синдромот на “купување дипломи“ е присутен долго време. Тој постои оддамна, но стана актуелен со отворањето на приватните Универзитети, се со цел да се девалвираат истите. Ваквите “приказни “ мислам дека ќе продолжат и понатаму, бидејќи целта на тие кои ги пуштаат во оптег, се да се оцрни приватното образование, наспроти државното. Особено важно би сакал да потенцирам дека не постои приватно и државно образование, туку едноставно образование, кое може да се подели исклучиво на квалитетно и неквалитетно. Токму затоа сметам дека предложените измени се во насока на подобрување на квалитетот на високото образование во Република Македонија. 

 

 

Оцени ја веста

10.01.2015 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа