Ноќеска голема полициска акција во западна Македонија

 

Голема акција на инспекциските служби со асистенција на полицијата изминатата вечер се одвивала на територијата во Тетово и Гостивар, дознава Press24. Според нашите информации, контролирани се 12 објекти од кои 8 во Тетово и 4 во Гостивар. Целата координирана акција поминала без никакви проблеми, велат нашите извори во полицијата.
Во Тетово од 8 контролирани објекти кај 7 се констатирани неправилности во работењето поради што се изречени глоби и мерки за времено затворање.
Во Гостивар од 4 контрлирани објекти во 3 не се почитувале законите. 
Пазрната инспекција изрекла серија казни меѓу кои 1 глоба од 2500 евра, уште една од 750 евра, три глоби од по 600 евра и две глоби од по 450 евра. Покрај ова, инспекциските служби изрекле и една забрана за работа од 30 дена а два објекти се затворени по 7 дена. 
Се казнувало и за непочитување на Законот за заштита од пушењето. Полицијата издала 6 платниналози на лица кои биле затекнати како пушат во затворени простории.

Од МВР ги потврдуваат информациите на Press24 а повеќе детали најавуваат во текот на денот.

 

 

Оцени ја веста

10.01.2015 - 10:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега