Собраниската Комисија го усвои целиот пакет закони за образованието
.
Собраниската Комисијата за образование, наука и спорт го изгласа во второ читање целиот пакет за основното, средното и високото образование.
Комисијата разгледа околу 130 амандмани и ги одби сите. Најголемиот дел се однесуваа на предложените измени на Законот за високо образование.
Расправата во Комисијата почна вчера во 10 часот и со повеќе паузи заврши неколку часа по полноќ.
Оцени ја веста
10.01.2015 - 10:46
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа