Писмо со сочуство за смртта на митрополитот Кирил од „Света Петка“ од Сиднеј
Македонската православна општина „Свети Петка“ од Сиднеј денеска упати сочуство до Македонската православна црква - Охридска архиепископија по повод смртта на митрополитот Кирил.
- Трогнати од ненадејната смрт ви упатуваме сочувство и жалење за големата загуба што ја снајде Македонската православна црква - Охридска Архиепископија. Митропилитот Кирил, како еден од потписниците на возобновувањето на автокефалноста на МПЦ, даде голем придонес во зајакнувањето на единството на Македонската православна црква – Охридската архиепископија и за нејзината афирмација во светот. Дедо Кирил покажа како се гради, интегрира и почитува својот црковен и национален идентитет. Тоа го потврди во времето кога ги поставуваше темелите на Американско- канадската и Австралиската епархија на МПЦ, во сосема поинакви општествено – политички времиња, се вели во писмото со сочувство упатено до МПЦ-ОА.
- Ние како црковно-општинска управа и верен македонски народ, сплотен преку црквата Св. Петка од Сиднеј во крилото на Мајката светиклиментова МПЦ-ОА, за историското црковно-национално дело, посебно за организирањето, осветувањето и раководењето со духовниот живот во нашата МПЦО, чиј авторитет никојпат нема да се надмине, му посакуваме на блаженоупокоениот владика Кирил вечна награда од Бога во местото на вечноживите дејци, во Божјиот рај и во вечниот незаборав кој целосно го заслужи, се вели во писмото со сочуство што Македонската православна општина „Свети Петка“ од Сиднеј, Австралија, го упати до МПЦ-ОА.
ФОТО: Сител