ВОНРЕДНА ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Доаѓа снежно невреме во Македонија

 

Во недела кон крајот на денот нашето подрачје ќе потпадне под влијание на нов влажен  и студен бран, кој во вечерните часови ќе предизвика најпрво врнежи од дожд, а преку ноќта кон понеделник врнежите ќе преминуваат во снег. Во утринските и претпладневните часови се очекуваат пообилни врнежи од снег, особено во западните делови, каде снежната покривка ќе биде позначителна. Ќе дува засилен северен ветер, кој ќе формира снежни наноси и ќе предизвика нагло опаѓање на температурата. 

Попладне врнежите ќе престануваат и во следните денови времето ќе биде стабилно.

Во недела дневната температура ќе се движи од 7 до 15, а во понеделник ќе биде значително пониска и во интервал од -1 до 4 

 

 

Оцени ја веста

09.01.2015 - 21:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега