Брисел бара враќање на 100 милиони евра државна помош за „Сајпрус ервејс“
Европската комисија му нареди денеска на Кипар да ја врати државната помош, која и беше доделена на националната авиокомпанија „Сајпрус ервејс“, во износ од над сто милиони евра.
Кипарскиот министер за комуникации и урбанизација, Мариос Димитриадис предупреди вчера дека доколку ЕК побара да биде вратена таа помош, компанијата нема да има друг избор, освен да престане со работа.
Оцени ја веста
09.01.2015 - 20:27
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа