Девојки внимание: Мажите кои објавуваат многу селфија се психопати?!

 

Психолози од Универзитетот во Охајо спровеле истражување на 800 мажи кои биле на возраст измеѓу 18 и 40 години.

Стана и официјално – мажите кои имаат многу селфи фотографии се чудни, а најлоши се оние кои за селфи ги користат филтерите на Инстаграм.

Имено, едно истражување спроведено во Универзитетот во Охајо, покажало дека кај мажите кои објавуваат многу селфи фотографии е поверојатно психопатско однесување.

Кај личноста која за своите селфија користи и филтери, според ова истражување, е присутно поголемо ниво на недруштвено однесување како нарцисоизам и опсесија со сопствената појава. Психолозите Психолозите од Универзитетот во Охајо спровеле истражување на 800 мажи кои биле на возраст измеѓу 18 и 40 години т.е. на нивните навики со објави на фотографии на социјалните мрежи.

Испитаниците морале да решаваат тестови со кои се испитувала нивната суета, а морале и да споделат информации дали ги средуваат и „дотеруваат“ своите фотографии со филтери...

„Не изненадува фактот што мажите кои објавуваат многу селфи фотографии и трошат многу време на нивна обработка се повеќе нарцисоидни, но ова е прв пат тоа да се потврди и со истражување“, изјавила доцент на Универзитетот во Охајо, Џеси Фокс, која воедно го водела ова истражување.

„Уште поинтересно откритие е тоа што кај таквите личности е поприсутно асоцијалното и психопатско однесување, како и тоа дека се склони кон само-објективизација. Многу мислат дека мажите воопшто не прават такви работи, но дефинитивно ги прават“, рекла Фокс.

Таа додала дека психопатијата е окарактеризирана со импулсивност: „Тие ќе направат фотографија и веднаш ќе ја објават затоа што сакаат да бидат видени“, заклучила Фокс.

Извор: Точка

 

 

Оцени ја веста

09.01.2015 - 16:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега