ВИДЕО: Џеј Ло како секси учителка која заведува ученик

 

Џенифер Лопез во новиот филм „The Boy Next Door“ глуми учителка која се доведе во незгодна ситуација, а признава и дека во скокотливите сцени не користела двојничка.

 

Фановите на славната латино дива едвај чекаат да ја видат во нова улога. Џенифер Лопез наскоро ќе ја гледаме во филмот „The Boy Next Door“ во кој како секси учителка се впушта во однос со ученик кој го глуми Рајан Гузман. Набрзо тој се опседнува со неа и така започнуваат проблемите.

 

Жешките сцени од спалната соба на актерите им биле најголем предизвик, но славната Џеј Ло признава дека во ниту една од нив не користела двојничка.

 

 

Оцени ја веста

09.01.2015 - 15:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега