Се затвораат рестораните и продавниците низ Париз
Светските медиуми јавуваат дека рестораните и продавниците низ Париз се затвораат од разбирливи причини.
Според извештаите на локалните медиуми, загрижени поради теористичките напади низ градот локалите се празнат и затвораат.
За 48 часа убиени се 15 лица во терористички напади низ Париз.
Во моментов се уште трае повеќе часовната опсада над печатницата, во индустрискиот дел на Париз, во која се наоѓаат браќата Куачи кои извршија напад во сатиричното списание „Шарли Ебдо“ каде убиени беа 12 лица. Осомничените браќа држат еден заложник.
И додека полицијата, војската и жандармеријата е посветена на нивно апсење, во Париз нов терористички напад.
Дваесет и шест годишната жена Хајат Боумедине и Амиди Кулибаи, роден во 1982 се посочени како осомничени за новиот терористички напад во супермаркет во Париз. Овие две лица според извештаите на светските медиуми, држат шест заложници, а две лица се убиени. Според француската полиција, Кулибаи е лицето кое вчера уби полицајката крај Париз.
Француските власти сметаа дека нема врска меѓу терористичкиот напад во „Шарли Ебдо“ и супермаркетот во Париз, но според најновите информации Кулибаи најверојатно е поврзан со браќата Куачи.
Според медиумите, мажот осомничен за убиството на полицајката е член на истата џихадистичка група како и осомничените за масакрот во неделникот Шарли ебдо.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа