ФОТО: Цело семејство на Цеца во ист фустан
Една од најдобрите работи кога има многу жени во едно семејство е тоа што можат меѓусебно да менуваат парчиња облека. Оваа навика ја имаат и пејачката Цеца Ражнатовиќ, нејзината сестра Лидија Оцокољиќ и ќерката на Цеца, Анастасија.
Цеца атрактивниот зелен кус фустан го носеше на снимањето на спотот за песната „Турбулентно“ пред една година за неколку месеци подоцна во истата креација да ја видиме нејзината сестра Лидија на една приватна прослава.
Сега и младата Анастасија одлучи да го искористи овој стајлинг, па со истиот фустан се појави на концертот на групата „Милиграм“.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа