ИСИС ја презема одговорноста за масакрот во Париз- Франција е прва a ова се следните држави

 

Еден од лидерите на ИСИС изјавил дека оваа исламска организација стои зад нападот на сатиричниот весник „Шарли Ебдо“ во Париз во кој загинаа 12 лица, пренесува DPA.

Тој навел и кои се следните држави во кои ќе се пролее крв.

-Започнавме операција во Франција за која преземаме одговорност. Утре тоа ќе биде Британија, Америка и други земји, рекол Абу Сад Ал-Ансари за време на молитвата во ирачкиот град Мосул.

Тој додал и дека тоа е порака до сите држави.

- Ова е порака до сите земји кои учествуваат во коалицијата која убива припадници на Исламската држава, нагласил Ал-Ансари.

 

 

Оцени ја веста

09.01.2015 - 14:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега