Галијани: Со Балотели во нападот ќе стигнеме до финале во ЛШ

Вториот човек на Милан Адријано Галијани за италијанскиот печат изјави дека неговиот клуб е способен да стигне до финалето од Лигата на Шампионите поради тоа што го има врвниот напаѓач Марио Балотели. 

- Имаме голем напаѓач со име Марио Балотели и со него можеме да се надеваме на пласман во финалето на Лигата на шампионите, рече Галијани. Тој ги потврди информациите дека во Милан останува и Стефан Ел Шарави.

- Ел Шарави е апсолутно наш играч. Тој може да биде спокоен околу тоа, а интересот за него од големите европски екипи само покажува колку е тој квалитетен, заврши Галијани.

Росоњерите завршија на 3.место во Серија и ќе игра квалификации за влез во Лигата на шампионите.

најчитано сега