Фудбалски клуб од Шведска местел натпревари па сам се пријавил во полиција
Шведскиот фудбалски клуб „Сурианска Кербурн“, кој се натпреварува во четвртата лига, самиот се пријавил во полиција поради сомневање за местење натпревари.
Обложувачници престанаа да примаат облози за натпреварот на „Сиријанска“ на домашен терен против „Квамшеденс“, бидејќи биле уплатени големи износи на победа на гостите. „Сиријанска“ го загуби тој натпревар со резултат 5:1.
- Играчите, тренерите, Управата на клубот и сите вработени што го претставуваат тимот, ќе бидат предмет на полициска истрага, се наведува во соопштението на клубот.