На седницата во Центар ќе се расправа само за буџетот
Денеска околу 12:30 часот, продолжи 5. седница на Советот во општина Центар. Претседателот на Советот, Мирослав Шиповиќ информираше дека советниците се договориле денеска да се расправа само за 7. точка, односно за ребалансот на буџетот, пренесува Курир.
Материјалот за шестата седница, информира Шиповиќ, бил повлечен и се смета дека седницата не е закажана.
За 7-мата точка засега биле поднесени два амандмани. Комисијата за статут и прописи за време на паузата, расправала по однос на еден од амандманите, но, не заземала став и му оставила на Советот да се произнесе.