Од понеделник рекордно ниски цени на горивата - дизелот оди под 50 денари за литар

Не престанува да паѓа нафтата на светските пазари, а со неа не престануваат да паѓаат и цените на дериватите.

Имено, во понеделник се очекува нов пад на цените на горивата благодарение на падот на цената на „црното злато“.

Засега не се знае точната бројка за колку денари ќе поефтинат енергенсите, па останува да го чекаме официјалното соопштение со кое ќе се произнесе Регулаторната комисја во понеделник. Се шпекулира дека е можно поевтинувње меѓу 2 и 3 денари по литар, што значи дека по повеќе години, дизелот ќе се спушти под 50 денари, а бензините под 60.

Македонија во моментов се соочува со рекорден пад на цените на дериватите во последните неколку години, со што грѓаните за ЕУРОСУПЕР БС-95 плаќаат 62,00 ден/литар, за ЕУРОСУПЕР БС-98 – 63,50 ден/литар, а за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) плаќаат 52,50 ден/литар.

 

 

Оцени ја веста

08.01.2015 - 22:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега