Штип инкасираше 27 милиони денари од продажба на градежно земјиште
Општина Штип денеска го презентираше извештајот за реализирана продажба на градежно земјиште за минатата година, со што во вкупната сума од продажба на парцели за куќи и стопански објекти изнесува 27.200.000 денари.
Портпаролот на градоначалникот на општина Штип Милена Ристова-Михајловска, вели дека минатата година продадени се 24 градежни парцели. -Од продадените парцели 14 се за индивидуални куќи и 10 за стопански објекти. Од добивката од 27.200.000 денари, 80 отсто или 21.7 милиони денари се приход на општина Штип додека 20 отсто или 5.4 милиона денари се приход на Република Македонија.
Општина Штип за тековната 2015 година планира да продаде над 50 парцели за изградба на индивидуални куќи, станбени згради и стопански објекти, со што очекува и приходот од продажбата да биде зголемен.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа