ФОТО: Авторот на карикатурата на Мухамед преживеа поради неверојатна случајност

 

Сопругата на еден од карикатуристите на сатиричниот весник „Шарли Ебдо“ изјавила дека нејзиниот сопруг го преживеал терористичкиот напад поради чиста случајност.

Сопругата на Реналд Лузиј изјавила дека нејзиниот маж познат под псевдонимот „Луз“ го преживеал нападот поради тоа што се успал и задоцнил на работа половина час. Реналд инаку е автор на карикатурата на пророкот Мухамед која е објавена на насловната страна на венсикот „Шарли Ебод“.

Сведочи го опишуваат потресниот момент кога неговата сопруга дошла на местото на нападот и се обидела да дојде до просториите на весникот. Таа се обидела да помине низ полицискиот кордон со зборовите „Јас сум жената на Луз, мора да го најдам својот сопруг“.

-Сопругот и јас се разбудивме половина час подоцна од тоа што требаше. Затоа стигна по пукањето. Знам дека е добро, но и понатаму сум страшно уплашена, вели таа.

Во нападот преживеа уште една вработена. Станува збор за улистраторката Корин Коко Реј која под закана ги пуштила двајцата напаѓачи во канцеларијата.

 

 

Оцени ја веста

08.01.2015 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега