За прв пат во Штип, градоначалникот организираше Бадник за луѓето без кров над глава

Градоначалникот на Штип Илчо Захариев за прв пат организираше заедничка бадникова вечер со неколу ранливи семејства кои се згрижени во манастирот Св.Недела и заедно го споделија овој голем христијански празник.

 

На Бадниковата вечера присуствуваа и пратеникот Трајче Димков, членови на кабинетот на градоначалникот и новинари кои први информираа за првиот Бадник на градоначалникот Захариев со сирмомашните.

 

- Колку можеме се грижиме за овие луѓе. Ги адаптираме просториите, обезбедуваме огрев, струја, вода, храна и што е најважно повеќе семејства и поединци ќе имаат кров над глава како што тоа се случи и со веќе сместените семејства од лани па наваму. Лично мислам дека тие сега се чувари на овој манастир. Јас се надевам дека од оваа година па понатаму ова ќе прерасне во традиционална средба, на Бадник, да се собираме овде и да им овозможиме на овие луѓе да бидат дел од празникот, да почуствуваат дека има кој да се грижи за нив.

Двајца од жителите на манастрот се Фејзула и Мирко. Првиот вели дека со тоа што градоначалникот го сместил во конаците буквално му го спасил животот давајќи му кров над глава, а вториот кажа дека ја дели истата судбина со Фејзула, но дека откако е во Манастирот, пронашол мир и знае дека барем има кров над глава. Меѓу другото напомена и дека општината е секогаш тука кога имаат потреба за нешто, па ваквата добрина нема да ја заборави.

По сите верски обичаи во манастирот Света Недела бадниковата вечера составена од сите традиционални специјалитети за Бадник беше осветена од свештеник на Брегалничката Епархија а потоа се кршеше бадниковиот колач.

 

Паричката се падна кај највозрасниот член, 77- годишната баба Гордана која живее во комплексот.

 

 

Оцени ја веста

07.01.2015 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега