Македонците во Австралија слават Божиќ на +40

Големиот христијански празник Божиќ денес го прославуваат и Македонците кои живеат во Австралија.

По тој повод, во сите православни храмови на Македонската православна црква (МПЦ) се одржаа свети богослужби.

Во храмот „Св. Никола“ во Перт свештеникот Станко Јовановски по богослужбата го прочита божиќното послание на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

Празнувањето продолжува во кругот на семејството, со најблиските.

Во Австралија Божиќ се слави на преку 40 степени, додека температурата во Македонија е под и околу нулата.

 

 

Оцени ја веста

07.01.2015 - 09:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега