Сончево и ветровито - температури до - 7

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус 13 до минус пет, а дневната од минус пет до два степена.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус седум, а дневната ќе се искачи до минус еден степен.

Во наредните четири дена ќе се задржи претежно стабилно и суво, со ниски утрински температури. Во петок се очекува постепен пораст на дневните и утринските температури.

 

 

Оцени ја веста

07.01.2015 - 09:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа