Инцидент на натпревар: Шлаканица наместо бакнеж

 

На натпреварот меѓу Чикаго Булс и Бостон Селтикс во публиката се одвиваше несекојдневна сцена.

Организаторите за време на паузите меѓу третата и четвртата четвртина се обидоа за гледачите да приредат забава, но ситуацијата излезе од контрола.

Снимателите на познатиот „Kiss Cam“ избраа еден пар навивачи на Бостон и ги прикажаа на големиот екран. Најверојатно да бил било кој друг пар би следувал бакнеж.

Меѓутоа ова момче разговараше на мобилниот телефон, а девојката кога виде дека се на екранот го удри за да му го привлече вниманието, на што тој бурно изреагира.

Ситуацијата во последен момент ја спаси маскотата Бени. Што точно се случуваше погледнете во видеото во продолжение.

 

 

Оцени ја веста

07.01.2015 - 09:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега