ВМРО-ДПМНЕ им го честита Божик на православните христијани во Македонија

 

ВМРО-ДПМНЕ на сите православни христијани во Република Македонија им го честита големиот христијански празник Рожденство Христово Божиќ.

- Нека светоста на овој празник го исполни секој дом со спокој, меѓусебно разбирање и толеранција, а нашите срца со топлина, љубов и милосрдие. Божиќ го симболизира раѓањето на надежта во подобра иднина. Таа иднина имаме обврска да ја изградиме заедно за нашите идни поколенија на темелите на нашите традиционални вредности како семејството, чесноста, трудољубивоста и хуманоста. Ваквата иднина е гаранција за заедничка среќа и перспективна и напредна Македонија, стои во честитката.

 

 

Оцени ја веста

07.01.2015 - 09:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа