ИСПОВЕД: Не знаев дека сум толку убав, додека татко ми не купи БМВ
19- годишниот Мерсудин Шехалиќ од Сараево, на својот Фејсбук профил објави фотографија од својот нов автомобил.
Мерсудин постираше фотографија од БМВ-то кое му го купил неговиот татко, а под неа напишал: „Не знаев дека сум толку убав, додека татко ми не купи ново БМВ“.
Босанските портали веднаш го контактирале Мерсудин, а тој изјавил дека девојките почнале веќе да забележуваат дека вози БМВ, па така заклучил дека е многу убаво и привлечно момче.
- „Додека возев Голф 3, ниту една девојка не гледаше во мене, а сега со новото БМВ почнаа да ми приоѓаат, да ми се смешкаат на пешачки и да флертуваат со мене“, рекол Мерсудин.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа