ВРЕМЕ: Се враќа студот - каков Божик не очекува?

Без врнежи, но студено ќе биде во среда. На Македонското небо се очекуваат сосема малку облаци. Во првате половина од денот ќе биде малку ветровито, а попладне ветерот речиси сосема ќе стивне.

Минималната температура ќе има вредност околу -8° низ котлините,a на повисоките места таа ќе се спушти до околу -12°С. Минимална околу -4°С се очекува во Гевгелиско - Дојранскиот крај.

 

 

 

 

Максималната температура  ќе има вредност околу -2°С низ поголем дел од котлините низ земјава. На југоисток максималната ќе достигне до 1°С. На повисоките места максималната температура ќе има вредност околу -6°С.

 

Во скопската котлина се очекуваат подолги сончеви периоди Ќе биде ветровито, со умерен северозападен ветер претпладне, а попладне и вечер ќе биде тивко (без ветер).

Минималната температура ќе има вредност околу -8°С. Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе достигне вредност околу -2°С.

 

 

Оцени ја веста

06.01.2015 - 21:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега