Турскиот министер за внатрешни работи упати апел да се повлечат турските демонстранти

 

Турскиот министер за внатрешни работи Муамер Ѓулер изјави денеска дека е неопходно демонстрантите да се повлечат од паркот Гези во Истанбул и да користат различни методи од сегашните за изразување на барањата.

– Таксим, паркот Гези – тоа се места отворени за посета. Во моментот, луѓето кои се наоѓаат таму им пречат на посетителите слободно да се движат. Во паркот има демонстранти и провокатори. Сите видовме што направија маргинални групи. Таа акција не може да продолжи на тој начин. Треба да се спречи додека не е нанесена поголема штета, изјави Ѓулер.

Турски адвокат изјави денеска дека демонстрант кој бил повреден во судирите со полицијата, починал во болница со што бројот на жртвите од двонеделните антивладини протести во Турција е пет луѓе. Според авокатот, починало 26-годишно момче кое било неколку дена во кома откако било погодено во главата со гасна бомба со солзавец за време на протестите во Анкара на 1 јуни. 

најчитано сега