„Туркиш ерлајнс“ ги суспендираше сите летови за Либија
Турската национална авио-компанија „Туркиш ерлајнс“ ги суспендираше денеска сите летови за Либија поради влошувањето на тамошната ситуација.
„Туркиш ерлајнс“ соопшти дека се суспендирани летовите кон Мисрату, каде единствено леташе, откако претходно ги укина летовите за Триполи, Бенгати и Себа.
- Ги суспендиравме летовите до Мисрату не неопределено време. Во моментов компанијата нема ниту еден лет за Либија, соопшти компанијата.
Ситуацијата во Либија се влоши по симнувањето од власт на Муамер Гадафи, објавува Танјуг
Оцени ја веста
06.01.2015 - 12:56
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа