ФОТО: Не ја отворајте оваа порака на Фејсбук- хакери ќе ви го преземат профилот!

На популарната социјална мрежа Фејсбук повторно кружат пораки кои имаат за цел да ви го хакираат профилот и ја преземат контролата врз него. Имено, станува збор за лажни пораки кои наводно ви ги праќаат вашите пријатели, а всушност зад нив стојат хакери.

 

Во пораката вашите пријатели наводно ќе ве замолат да посетите одреден линк и лајкувате нешто за да им помогнете да победат на некој конкурс,  добијат некоја награда…

 

Со кликнувањето на линкот од пораката автоматски ќе бидете префрлени на сајт кој по дизајн наликува на Фејсбук со стандардни полиња во кои е потребно да внесете меил  и шифра. Станува збор секако за лажен сајт, што ќе видите и сами ако ја погледнете адреса. Доколку мислите да се пријавите на Фејсбук, и ги внесете податоците, сајбер криминалци во истиот момент ќе ја дознаат вашата шифра и ќе преземат контрола врз вашиот профил.

По тоа тешко дека ќе успеете да си го вратите профилот, освен доколку не сте поставиле дополнителна сигурност во вид на мобилен телефон или уште една меил адреса.

 

 

Извор: Вистина.мк

 

 

Оцени ја веста

06.01.2015 - 12:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега