Во сабота Ноќни Волци организираат мото-забава во Кавадарци
Вчера претседателот и членовите на мото клубот Ноќни волци заедно со градоначалникот на Кавадарци, одржаа прес за новинари во Клуб на новинари, точно во 14:23ч (симболика на иницијалите NW според бројот на буквите во латиничното писмо). 9-от Интернационален Мото фестивал ќе се одржи во Кавадарци по повод 12-те стрелани ваташки младинци и 100 годишнината на Тиквешкото востание. Во духот на мотото на клубот, патриотизам, православие и хуманост, кавадрчани ќе имаат бајкерски викенд и мото фестивал на една од најголемите балкански организации, со присуство на моторџии од повеќе балкански држави. Во петок е организиран пречек на гостите со изведба на духовниот хор Хармониси, ќе горат 12 факели и ќе се испукаат 12 плoтуони во чест на настраданите младинци. Саботната забава почнува со рок концертот на Мизар како и други бендови (Лабаво Лавабо, Брчки, Д,рти сајд, Бек дорс бенд), мото дефиле, егзибии и актракции на две тркала... Фестивалот обезбедува мото камп, бесплатен влез, а покровител е Прилепска пивара!
Градоначалникот на Кавадарци изрази задоволство што ќе биде домаќин и првиот градоначалник надвор од Скопје, кој иако не вози мотор има почит кон мото спортот!