Ивановски на средба со Штефан Филе
Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски денеска и утре во Брисел учествува на Десеттиот состанок на Комитетот за стабилизација и асоцијација.
Од Министерството за информатичко општество и администрација информираат дека на состанокот ќе се разговара за постигнатиот напредок во електронските комуникации и информатичкото општество
Министерот Ивановски ќе се сретне и со Европскиот комесар Штефан Филе со кога ќе разговара за новиот Нацрт-закон за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги и Законот за администрација.
ФОТО: mio.gov.mk