11 лица загинаа во рудник во Пакистан

 

Најмалку 11 лица загинаа, а две се спасени кога рудник за мермер се урна во северозападниот дел на Пакистан, соопштија денеска пакистанските власти.

Несреќата се случила вчера, во областа Зиарат, во селото Лакаро.

- Рудникот се урна се време на минирањето во сабота навечер и досега пронајдовме 11 безживотни тела. Можно е да има уште луѓе заробени во рудникот, изјави локалниот функционер Мераџ Кан.

Тој дополни дека две лица се спасени и оти спасувачката акција е во тек.

 

 

Оцени ја веста

04.01.2015 - 12:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега