Последен поздрав за македонските легенди – почивајте во мир!

Ва­ши­те де­ла се вре­жа­ни во нас, са­ка­ле ние да приз­на­е­меили не… Ги па­ме­ти­ме. Ќе ги па­ме­ти­ме… А се­га со­ну­вај­те! Не­ма да ви до­де­ва­ме, ни­ту да ви пре­чи­ме во со­нот. Не­ка ви е че­сти­та веч­но­ста!

Со овие збо­ро­ви ма­ке­дон­ски­от но­ви­нар Бор­че Гроз­да­нов го ис­пра­ти сво­јот при­ја­тел од дет­ство­то, Ва­сил Ши­шков, пишува Република.

Ко­га на кра­јот на ми­на­та­та го­ди­на се опро­сту­вав­ме од оние кои за­ми­наа од овој, на­ш, зем­ски свет, не­о­че­ку­ва­но, на не­кол­ку де­на пред исте­кот на 2013 ле­то гос­по­до­во, нè на­пу­шти Ацо Кон­га. На кра­јот на оваа го­ди­на, во не­дел­ни­те доц­неж­ни ча­со­ви се по­ја­ви ве­ста де­ка не на­пу­штил Ши­шков. Ра­но, пре­ра­но, ка­ко што овој свет го на­пу­шти не­го­ви­от та­тко Ри­сто Ши­шков, уште ед­на ле­ген­да на ма­ке­дон­ско­то глу­ми­ште. Жел­ба­та ова да е са­мо ед­на од оние, ин­тер­ни, по ­мал­ку не­вкус­ни ше­ги на акте­ри­те, оста­на са­мо жел­ба. Нè на­пу­шти Ва­сил Ши­шков… За­ми­на на 44-го­диш­на во­зраст, пре­ра­но за да се збо­гу­ва со нас. Но, мо­же­би не­ка­де го­ре ќе го про­нај­де сво­јот мир, ќе се на­пие ед­на ча­шка со ста­ри­от свој…

За­ми­на во иста­та го­ди­на со уште не­кол­ку го­ле­ми ими­ња на ма­ке­дон­ска­та актер­ска сце­на. За­ми­на де­ве­де­се­тго­диш­на­та Ве­ра Вуч­ко­ва, актер­ка­та ко­ја ги из­го­во­ри­ла пр­ви­те сти­хо­ви на сце­на­та на ста­ри­от те­а­тар… За­ми­на и слав­на­та „Гос­по­ѓа Ми­ни­стер­ка“, де­ве­де­се­тго­диш­на­таМе­ри Бо­шко­ва. Нив­ни­те де­ла оста­ну­ва­ат, јав­но­ста ќе се се­ќа­ва на Бум­ба­рот, на Ми­ни­стер­ка­та, на да­ма­та со мит­ска­та реп­ли­ка…

Да­ни­ел, Во­јо, Со­кол

Че­ти­ри­е­сет и че­ти­ри­го­диш­на­та во­зраст бе­ше коб­на за по­ве­ќе поз­на­ти Ма­ке­дон­ци. Од  таа ге­не­ра­ци­ја, по­крај Ши­шков, све­тот го на­пу­шти­ја и сопс­тве­ни­кот на „Ава­лон“, Да­ни­ел Ми­ло­ше­ски, „ви­нов­ни­кот“ за мно­гу спе­кта­ку­лар­ни кон­цер­ти на поз­на­ти свет­ски му­зич­ки ими­ња, ка­ко и еми­нент­ни­от по­ет Игор Иса­ков­ски.

Му­зич­ка­та сце­на во 2014 го­ди­на се збо­гу­ва од не­кол­ку пе­ја­чи, ком­по­зи­то­ри, ин­стру­мен­та­ли­сти… Во мај за­ми­на ле­ген­да­та на ма­ке­дон­ска­та на­род­на му­зи­ка Во­јо Сто­ја­нов­ски, кој на 65-го­диш­на во­зраст ја за­гу­би би­тка­та со ра­кот. Не­кол­ку ме­се­ци по­доц­на за­ми­на и Со­кол, поз­на­ти­от ги­та­рист Ми­тко Му­стач­ки, кој бе­ше дел од по­ве­ќе рок-со­ста­ви, ме­ѓу кои и на „До­лар“ и на „Ка­ра­ме­ла“. За­ми­на ком­по­зи­то­рот Со­тир Го­лу­бов­ски, а се опро­стив­ме и од улич­ни­от сви­рач Сло­бо­дан Си­мо­нов­ски-Бо­би, кој мо­жев­ме да го за­бе­ле­жи­ме на вле­зот на Град­ски­от тр­гов­ски цен­тар. По­чи­на на 42-го­диш­на во­зраст. Му­зи­ча­рот на сво­јот ре­пер­то­ар има­ше пес­ни и на до­маш­ни и на стран­ски гру­пи и пе­ја­чи.

Се опро­стив­ме и од Ку­ба­не­цот што жи­ве­е­ше во Ма­ке­до­ни­ја – Оскар Са­лас, поз­на­ти­от пер­ку­си­о­нист, кој дој­де во зем­ја­ва во 2011 го­ди­на и ја од­бра за свое ме­сто на жи­ве­е­ње. За жал, пре­кра­тко тра­е­ше не­го­ва­та при­каз­на во Ма­ке­до­ни­ја.

И ба­лет­ска­та сце­на ќе ја па­ме­ти 2014 го­ди­на по за­гу­ба­та на ед­но го­ле­мо име – Ел­пи­да Па­ков­ска, ба­ле­ри­на од пр­ва­та ге­не­ра­ци­ја на Ма­ке­дон­ски­от ба­лет,ко­ја ги по­ста­ви те­ме­ли­те на тан­цо­ва­та умет­ност во Ма­ке­до­ни­ја.

 Пи­са­те­ли, сли­ка­ри, про­фе­со­ри

Бол­ка, сол­зи и не­ве­ру­ва­ње за пре­ра­на­та смрт на Игор Иса­ков­ски… Све­тот го на­пу­шти­ја и мно­гу ма­ке­дон­ски пи­са­те­ли, кои, се­пак, имаа по­долг жи­во­тен век. Нè на­пу­шти Але­ксан­дар Ежов, кој бе­ше ро­ден во 1928 го­ди­на. Од иста­та ге­не­ра­ци­ја, во 2014 го­ди­на нè на­пу­шти и пи­са­те­лот Ср­бо Ива­нов. На 61-го­диш­на во­зраст за­ми­на и нив­ни­от ко­ле­га На­у­ме Ра­ди­че­ски.

Се збо­гу­вав­ме од ака­дем­ци и од пи­са­те­ли. Им од­да­дов­ме по­чит на поз­на­ти­от хи­рург, ака­де­мик Или­ја Ва­сков, про­фе­сор­ка­та Ру­жа Па­нов­ска, про­фе­со­рот То­дор Џу­нов, ка­ри­ка­ту­ри­стот Жи­вко Ко­зар. Се опро­стив­ме и од Бо­рис­лав Гра­ди­шки, еден од нај­го­ле­ми­те бор­ци за ма­ке­дон­ска­та на­ци­о­нал­на са­мо­стој­ност, кој до­жи­веа 98го­ди­ни.

Ма­ке­дон­ска­та умет­ност оста­на без уште ед­но го­ле­мо име – поз­на­ти­от сли­кар Ми­лош Ко­џо­ман. Инс­пи­ра­ци­ја­та, дар­ба­та, има­ги­на­ци­ја­та беа уни­ште­ни од бо­ле­ста, ко­ја го зе­де го­ле­ми­от умет­ник на ше­е­сет и две­го­диш­на во­зраст. На 43-го­диш­на во­зраст за­ми­на и Зо­ран Га­рев­ски, ма­ке­дон­ски­от ди­зај­нер којста­на етаб­ли­ра­но име во мод­на­та сфе­ра во Сло­ве­ни­ја.

 Го ис­пра­тив­ме Бу­би

Но­ви­на­ри­те и фо­то­гра­фи­те беа за­те­че­ни од ве­ста де­ка ги на­пу­штил Бу­би, поз­на­ти­от фо­то­ре­пор­тер Че­до­мир Нен­ко­виќ. Че­ди­ца за­ми­на на 56-го­диш­на во­зраст. Се­ко­гаш ќе го па­ме­ти­ме ка­ко од­ли­чен ше­га­џи­ја, со по­се­бен та­би­ет, кој има­ше око-со­ко­ло­во за бит­ни мо­мен­ти и за де­та­ли, изо­стре­но чув­ство за уба­во­то…

Ме­ди­ум­ски­те ра­бот­ни­ци ги за­тек­на и ве­ста за смрт­та на мла­ди­от ко­ле­га Дра­ги Јан­ков­ски. На­стра­да во со­о­бра­ќај­на нез­го­да во Анг­ли­ја на 39-го­диш­на во­зраст.

Спор­тот за­гу­би мно­гу. Го за­гу­би Пе­тар Ми­ло­шев­ски, еден од нај­до­бри­те фуд­бал­ски гол­ма­ни што ги има­ла Ма­ке­до­ни­ја. За­ги­на во со­о­бра­ќај­на не­сре­ќа на 41-го­диш­на во­зраст. Се опро­стив­ме и од 53-го­диш­ни­от ко­шар­кар Бран­ко Ац­ков. Јав­но­ста бе­ше по­тре­се­на од пре­ра­на­та смрт на 22-го­диш­ни­от по­ра­не­шен мла­дин­ски ко­шар­кар­ски ре­пре­зен­та­ти­вец Але­ксан­дар Кој­чев­ски. За­ми­на и ко­шар­кар­ски­от ре­пре­зен­та­ти­вец на Ма­ке­до­ни­ја, 15-го­диш­ни­от Фи­лип Со­ти­ров.

Иван, Де­ни­са, до­на­то­рот…

Ма­ке­дон­ци­те ќе се се­ќа­ва­ат и на не­кол­ку ими­ња кои беа по­пу­лар­ни од вре­ме­то на по­ра­неш­на Ју­гос­ла­ви­ја. Ќе се се­ќа­ва­ме на акте­ри­те Бо­ра То­до­ро­виќ, на Ду­шан По­чек од „По­до­бар жи­вот“, Ни­ко­ла Си­миќили Пан­тиќ од „Тес­на ко­жа. Го ис­пра­тив­ме и Ле­пи Бо­ра – Ду­шан Три­фун­че­виќ, ба­си­стот на срп­ски­от бенд „Сла­тки грех“.

Но, ќе го спо­ме­ну­ва­ме и мла­ди­от до­ктор кој пред смрт­та ре­ши да ги до­ни­ра сво­и­те ор­га­ни и да спа­си два жи­во­та. Ќе ја па­ме­ти­ме жр­тва­та на со­о­бра­ќај­ни­от ха­ос и со­о­бра­ќај­на­та не­кул­ту­ра Иван Бе­лин­ски, кој бе­ше пре­га­зен во Скоп­је и за ко­го не­се­бич­но со­би­рав­ме па­ри за да го ис­пра­ти­ме во веч­но­то по­чи­ва­ли­ште. Ќе ја спо­ме­ну­ва­ме и при­леп­чан­ка­та Де­ни­са Мар­ков­ска, де­вој­ка­та ко­ја бе­ше про­нај­де­на мр­тва отка­ко ис­чез­на од брод. Неј­зи­на­та смрт оста­ну­ва ми­сте­ри­ја.

За­ми­наа, но ќе оста­нат де­ла­та. Тие оста­ну­ва­ат веч­ни,ка­ко спо­мен за оние со кои се ра­ду­вав­ме, со кои рас­тев­ме, за кои та­гу­ва­ме.

Пишува: Билјана Зафирова за Република

 

 

Оцени ја веста

02.01.2015 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега