Македонија го одбележува 69. роденден на Бан Ки-Мун

Во организација на здружението „Гороцвет“ и  Амбасадата за мир-Македонија  денеска напладне ќе се одржи манифестацијата „Роденденско цвеќе на мирот за Бан Ки-мун“ со  порака за мир, разбирање, слога и љубов за сите луѓе во светот.

Манифестацијата се одржува по повод 69-тиот роденден на генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун, за кој сликарот и хуманист Живко А. Поповски-Цветин подготви слика.

На поетско-ликовниот перформанс, што ќе се одржи во паркот спроти Ортопедскиот завод во општина Центар, ќе има повеќе учесници, а во музичкиот дел ќе настапат групата „Серенада“ и оперските пејачи Серафина Фантаузо и Вејчеслав Поповски.  

Сликарот  Цветин, кој е иницијатор и организатор на настанот, симболично ќе подари 69 минијатури цвеќиња на мирот, а сликата за Бан Ки-мун со порака за мир ќе биде пратена по пошта во седиштето на ОН. 

најчитано сега