Иванов во посета на армиските „Волци“

Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили Ѓорге Иванов придружуван од министерот за одбрана Зоран Јолевски и началникот на ГШ генерал-потполковник Горанчо Котевски, традиционално првиот ден од Новата година ги посети припадниците на АРМ. Денеска Иванов беше во посета на Батаљонот за специјални намени во скопската касарна „Илинден“.

Честитајќи им ја Новата година, претседателот Иванов од негово лично име, но и од името на сите граѓаните на Република Македонија на припадниците на АРМ им искажа благодарност за се она што го прават за одбраната и за мирот  во земјата. Тој упати честитки и до сите војници од АРМ кои се во мировни мисии во други земји.

- Желбата на сите војници и старешини е конечно оваа година Република Македонија да го добие тоа што го заслужи и што и припаѓа, да биде членка на НАТО, изјави претседателот Иванов.

Пред претседателот Иванов рапортираа и надлежните од водот задолжен за неговото обезбедување, по што и Врховниот командант на вооружените сили го откри и камен-обележјето на армиските „волци“ каде што во иднина секој од нив ќе дава заклетва.

 

 

Оцени ја веста

01.01.2015 - 13:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега