Лампард го продолжи престојот во Сити до крајот на сезоната

Франк Лампард ќе остане во Манчестер Сити до крајот на сезоната, објавија англиските медиуми.
 
Искусниот фудбалер од средниот ред, во летниот преоден рок го напушти Челзи и потпиша договор со Њујорк Сити, од каде како позајмен играч дојде во редовите на актуелниот премиерлигашки шампион.
 
Позајмицата истече денеска, но од Манчестер Сити брзо реагираа и го договорија Лампард до крајот на сезоната.
 
Инаку, Манчестер Сити и Њујорк Сити имаат исти сопственици.
 

 

Оцени ја веста

01.01.2015 - 12:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега