ГРОЗОМОРНО: Си го убиле 2-годишното дете зошто силно плачело

Несреќното момче во болница подлегнало на повредите и покрај тврдењата од страна на неговата мајка и очув дека "момчето паднало на бетонска плоча во предниот дел на куќата".

Семир Велаѓиќ (26) од Горна Слапница го убил својот двегодишен син Ајнур на 7 ноември оваа година. Детали за ова ужасно злосторство кое ги шокираше граѓаните протече во јавноста само три дена по неговото апсење.

Лекарите од почетокот се сомневале во повредите и повикале полиција, која ги уапсила мајката и очувот на детето.

По тежина на доказите и голем притисок на полицијата , Велаѓиќ го признал делото и бил задржан во притвор, додека мајката била ослободена.

Во неговата изјава, како причина за убиството кажал дека бебето премногу плачело, а тој неможел да го поднесе тоа, па го убил.

Семир Велаѓиќ е познат на полицијата и од претходно која бил пријавуван за семејно насилство од неговата поранешна сопруга.

 

 

Оцени ја веста

30.12.2014 - 18:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега