„Студентскиот пленум“ лаже - греење во студентските домови има
Државниот студентски дом „Скопје“ ја демантира информацијата која е објавена во дел од интернет порталите, кои се повикувааст на Фејсбук статус на т.н. Студентски пленум, а во врска со греењето во студенткиот дом Кузман Јосифовски Питу.
„Студентски пленум“ пред неколку часа преку пост на Фејсбук објави дека во студентскиот дом Кузман Јосифоски-Питу немало парно веќе подолг период, што се покажа како целосна лага и манипулација.
-Невистина е дека во објектот нема греење. Напротив, тоа може лесно да се провери, но се разбира, доколку целта не е дезинформирање на јавноста. Студентскиот дом КЈ Питу има сопствен систем за парено греење. Во моментов системот функционира одлично и има доволни количини мазут . Добро би било во иднина студентскиот пленум и новинарите да не контактираат, да побараат информација или лично да се уверат во состојбата, пред да објават било каков текст, се вели во реакцијата од Државниот студентски дом „Скопје“.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа