Мајка и на Тамара се огласи за нејзините голи фотки- еве што изјави
Тамара Тодевска ја потресе јавноста со последните разголени фотки кои ги направи за потребите на календарот на "Пелистерка".
Пејачката може да биде среќна бидејќи ја има целосната поддршка од своите најблиски меѓу кои е и нејзината мајка Билјана. Таа вели дека фотографиите се професионални и секси, но не и вулгарни.
- Ми се допаѓаат фотографиите бидејќи се професионално направени, провокативни се, но не се вулгарни. За тој календар секоја година се сликаат најубавите и најзгодни девојки кај нас, не може баш секој да добие таква понуда. Тамара имаше апсолутна поддршка од мене и целото семејство. Ја поддржа и вереникот. Точно е дека е многу ослабена, навистина се трудеше и постојано вежбаше и беше на диета", вели мајката на пејачката.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа