Снежната стихија во Бугарија однесе три жртви

Снежната стихија која ја зафати Северозападна Бугарија во текот на вчерашниот ден однесе три жртви.

Тешко болна пациентка почина во возилото на брзата помош на пат кон Лом, отакако поради големите количества на снег предолго чекала медицинска помош. 56-годишен маж починал во својот автомобил завеан од снег во близина на Алтимир, а друг маж бил затрупан од снежната виулица во дворот од неговата куќа во село во близина на Лом.

Станува збор за 90-годишен и изнемоштен старец кој отишол во тоалетот кој се наоѓал во дворот,  паднал во снегот и не успеал да стане.

 

 

Оцени ја веста

30.12.2014 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега