Најдобриот фудбалер на планетата не плаќал данок?
Најдобриот фудбалер на планетата се сомничи дека е вмешан во даночна измама, со што ја оштетил државата за повеќе од четири милиони евра. Покрај него, во измамата за даночно затајување е вмешан и неговиот татко Хорхе Меси. Периодот од 2007 и 2009 година фудбалерот ги „фризирале“ податоците за годишните приходи со цел да бидат ослободени од плаќањето на високите даноци. Засега нема изјава од страна на најдобриот играч за ваквото обвинение.