Екипите на ЕВН деноноќно работат на отстранување на дефектите
Екипите на ЕВН од раните утрински часови се на терен и се обидуваат да стигнат до најнепристапните места за да ги отстранат дефектите. Според ЕВН во моментов се менуваат со нови екипи кои доаѓаат како помош од другите околни градови.
-Бројот на електромонтажери е зголемен од надворешни фирми кои се подизведувачи на ЕВН и сите се упатуваат на местата каде корсниците се без напојување. Овие дефекти се на најнепристапните места каде механизацијата не може ни да допре, поради што екипите на ЕВН се упатуваат пеш, во координација со владиниот кризен штаб и кризните штабови на локалните самоуправи на Охрид и Струга. Како се пробиваат патиштата, така екипите на ЕВН ги отстрануваат дефектите.Ќе се работи цела ноќ на отстранување на дефектите, но нема услови да се работи брзо на екстремно ниските температури. На некои места вечерва ќе се нормализира снабдувањето со електрична енергија, а целосно нормализирање на состојбата во Охрид ќе има утре. Ќе биде вклучен делот од Лескоец кој е без електрична енергија и горниот дел од населбата Рача и Велестово – велат од ЕВН.
Се очекува нормализирање на состојбата и во општина Дебарца, во сите населени места. Максимални напори се вложуваат да се стигне до најнепристапните места. Денеска и во текот на утрешниот ден до 14 часот ќе биде нормализирано снабдувањето во Вевчани, Октиси, Ла буништа. Подгорце и Боровец.
-Во струшкиот дел вечерва е нормализирано снабдувањето со електрична енергија во Мислешево и Езерски Лозја. Најкритично е во највисоките планински делови. До утре се очекува да се надмине проблемот во Дрслајца, Ложани, Биџево, Корошишта и Делогожди - додаваат од ЕВН.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа