ВИДЕО: Неверојатен гол на Кире Лазаров на синоќешниот натпревар против Израел

Машката ракометна репрезентација на синоќешниот дуел постигна победа против Израел со што  Македонија ја однесе победата од 39:37, полувреме 20:18.

Почетокот на дуелот мина во знакот на противникот, кој имаше водство до средината на првиот дел. Сепак, избраниците на селекторот Ивица Обрван го презедоа водството во финишот на првите 30 минути. Македонија водеше и со највисоки 6 разлика (27:21) на почетокот на вториот дел.

Најефикасен на натпреварот кај Македонија беше Гоце Георгиевски со 7 голови, Ренато Вугринец постигна 6, а Кирил Лазаров 5. Селекторот Обрван им даде шанса на сите играчи, со исклучок на Ацо Јоноски и постојано ги менуваше играчите на теренот.

Овие две репрезентации денес ќе одиграат уште еден натпревар, но од затворен тип.

 

 

Оцени ја веста

29.12.2014 - 15:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега