МЗШВ испрати предлози до компаниите за поуспешен откуп на тутунот

 

Комапниите кои доцнат со откупот на тутунот, да организираат дополнителни термини за преземање на договорените количини, доколку тутунот го враќаат од пунктот поради влажност или од други причини, да го известат производителот за терминот на следното преземање. При откупот да го евидентираат и вишокот тутун на производителите, а во поканите за преземање на тутунот да ги наведат целокупната договорена количина и терминот на предавање (доколку е во повеќе наврати).

Ова се сугестиите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) за поуспешен откуп на тутунот што денеска во писмена форма им се испратени на откупувачите.

Како што информира МЗШВ, осум компании заклучно со денеска откупиле вкупно 4.900.000 килограми тутун од годинашната реколта по просечна цена од 119 денари за килограм. 

Според Државниот Инспекторат за земјоделство, исплатата е реализирана 27,13 отсто и се одвива согласно динамиката наведена во договорите меѓу откупувачите и тутунопроизводителите. 

 

 

Оцени ја веста

29.12.2014 - 15:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега