По победата заминаа на релаксирање: Кире и Борко направија селфи во сауна (ФОТО)

Македонската ракометна репрезентација минатата недела ги започна подготовките за СП во Катар.

Ракометните репрезентативци вчера го победија Израел во натпревар кој имаше хуманитарен карактер. Имено, остварениот приходот од влезниците за овој натпревар РФМ ќе ги донира на оние на кои им е потребна помош, внимание и љубов, децата од „СОС Детско село’’.

Најдобриот стрелец Кире Лазаров и најдобриот голман Борко Ристовски по овој натпревар се реаксираа во сауна од каде испратија заедничко селфи.

-Прва победа во подготвителниот период над солидниот Израел.Чуството на победата е прекрасно па макар било и на пријателски натпревар.Релакс селфи во сауна со голманчето наше...- напиша Кире Лазаров на својот Фејсбук профил.

 

 

Оцени ја веста

29.12.2014 - 15:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега